Фудбалерите на Рома бараа пенал во првото полувреме.
Барселона после првите 45 минути има предност од 1:0 против Ливерпул во ¼ финалето од Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонците до водство стигнаа благодарение на автоголот на Де Роси во 38 минути.
Сепак, играчите на Рома неколку пати жестоко протестираа кај главниот судија. Во првата ситуација Един Џеко падна во казнетиот простор на Барса, за потоа во 41 минути Умтити да го собори Пелегрини на работ од казнетиот простор.
Навивачите на Рома сметаа дека прекршот е направен во шеснаесетникот и бараа пенал. Сепак судијата одлучи дека прекршкот е направен надвор од казнетиот простор и досуди само слободен удар.