Рома вчера славеше на гости кај Јанг Бојс со 2:1 во рамките од првото коло во групната фаза од Лигата на Европа.
„Волчицата“ не беше баш најдобра во првото полувреме бидејќи домаќините имаат предност од 1:0, а Паоло Фонсека играше со комбиниран состав. Но, беше јасно дека во продолжение ќе мора да менува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После еден час игра Фонсека на терен ги испрати Џеко, Михтаријан и Веретут и тоа беше полн погодк. Џеко и Микхтаријан запишаа асистенции за головите на Бруно Перес и Кумбула.
Фонсека на пресот по натпреварот потсети дека Јувентус изгубил тука.
„Мораме да веруваме во играчите. Ова беше тежок натпревар и знаев дека ќе биде така. Тие победија тука на последните 15 натпревари и не заборавајте дека Јувентус изгуби тука пред две години. Најважно е што победивме, за нас ова важна победа“, изјави Фонсека.