Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс веќе трпи доста критики за неговите партии од почетокот на сезоната.
Португалецот ги чинеше „јорганџиите“ 126 милиони евра и во Мадрид пристигна како замена за Антоан Гризман, меѓутоа во првите пет месеци воопшто не ги оправда очекувањата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Феликс на свое конто има едвај четири гола и една асистенција во сите натпреварувања оваа сезона. Овие показатели се на 21 меч и одиграни над 1500 минути оваа сезона.
Уште позагрижувачко за фановите е играта на Феликс во натпреварите со големите клубови. Тој беше буквално „невидлив“ во дуелите со Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.
Феликс е далеку од тоа да се наметне како клучна фигура во тимот на Атлетико, а со оглед на цената која е платен, од него тоа и се очекува.