Eден од најголемите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер одлучи да каже – доста!
На 42 години Мејведер донесе одлука да стави крај на кариерата. Последен пат во рингот Флојд беше во 2017 година кога во Лас Вегас се бореше против Конор Мегрегор, а од тогаш се шпекулираше дека ќе има нова борба со Мани Пакјао или Канело Алварес, сепак тоа нема да се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ме бараа неколку пати да се вратам во рингот, но моето здравје е мое богатство. Боксот е брутален спорт. Ќе продолжам да патувам и да учествувам во егзибициони борби, сосема добро заработувам и така, повеќе отколку од некои боксери“, изјави Мејведер.
Кариерата Мејведер ја завршува со скор 50:0 и 12 светски титули.