Дома Останати Флојд Мејведер изигран: Нема никаква борба, не знам ни кој е тој – бев измамен!

Флојд Мејведер изигран: Нема никаква борба, не знам ни кој е тој – бев измамен!

Сепак нема ништо од борбата која беше најавувана дека ќе се одржи на 31 декември помеѓу Флојд Мејведер и Теншин Насукава.

Правилата не беа одредени, се беше најавено како завршена работа, но сега ништо не е важно затоа што самиот Мејведер се огласи и потенцираше дека бил изигран и дека не се согласил на никаква борба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сега кога се вратив во Америка после долгиот и разочарувачки пат во Јапонија, имам време да им се обратам на своите навивачи, но медиумите во врска со последните случувања. Пред се сакам да бидам јасен – Флојд Мејведер никогаш не се согласил на борба со Теншина Насукава. Всушност со сета почит, никогаш не сум слушнал за него додека не го запознав во Јапонија. Имав понуда да учествувам во деветминутна егзибиција во три рунди кој ќе го избере РИЗИН. Брент Џонсон ме извести дека егзибицијата ќе биде приредена за мал број гледачи и ќе има забавен карактер, како и дека нема да се пренесува никаде во светот“.

„Кога се појавив на конференцијата за медиуми, мојот тим и јас бевме изненадени од новите случувања и требаше веднаш да го запреме тоа. Сакам искрено да се извинам на моите навивачи поради погрешната информација која ја добија на таа конференција. Не бев запознаен со ситуацијата и не сум се согласил на било каков договр за борбата која беше најавувана. Жал ми е за сите кои допатуваа на таа конференција“, гласи соопштението на Мејведер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…