Дома Фудбал Останато Флорентино Перез утрово разговарал со Жозе Мурињо?!

Флорентино Перез утрово разговарал со Жозе Мурињо?!

Aктуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид се наоѓа во голема резултатска криза, а секако кога не оди главен виновник е Јулијен Лопетеги.

Лопетеги во текот на летото пристигна во Реал Мадрид како замена за Зинедин Зидан, но сезоната за него не можеше да започне полошо. „Кралевите“ се во една од најголемите кризи во својата историја.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Лопетеги ќе биде отпуштен кога Перез ќе му најде адекватна замена.

Покрај тоа тие пренесуваат сензационална вест дека сопственикот на Реал Мадрид утрово телефонски разговарал со Жозе Мурињо. Наводно, Перез е спремен да му понуди на Мурињо да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но според информациите Португалецот тоа го одбил.

Мурињо вчера на конференцијата за медиуми порача дека нема намера да се враќа во Реал Мадрид ово овој момент и дека сака да остане во Јунајтед крајот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ираола испрати брутални пораки до играчите на Ливерпул! „Сpackувајте ги куферите и заминете!“

Шпанскиот стручњак започна со сериозни промени во тимот, а откако пред паузата за репрезен…