Дома Фудбал Флорентино Перез откри кој му бил најтежок трансфер во кариерата

Флорентино Перез откри кој му бил најтежок трансфер во кариерата

perez

Во пресрет на Суперкупот на Шпанија, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за „Марка“ откри кој му бил најтежок трансфер во кариерата, но и како ја формирал генерацијата „Галактикоси“.

Перез истакна дека најтешките преговори во неговата кариера ги водел со Луис Фиго.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Му кажавме дека сакаме да градиме тим околу него. Беше тешко да го убедиме. Тој сепак беше капитен на Барселона, а покрај тоа во 2000 година не беше нормално да потрошите 60 милиони евра за само еден фудбалер. После Фиго, лесно се договоривме со Зидан, Роналдо, Бекам…така ја формиравме генерацијата Галактикоси“, изјави Перез.

После формирањето големиот тим, кој сепак не ги задоволи очекувањата на навивачите на Реал Мадрид, доведувани беа играчи како Кристиано Роналдо, Бензема и Бејл и целата идеја беше само надоградена.

„Благодарение на сите тие трансфери се наоѓаме на позицијата каде што сме денес и која целосно ни припаѓа. Доведувањето на голем фудбалери, покрај резултатското значење е важно и во економска смисла за развојот на клубот“, зборуваше Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …