Минхенски Баерн утре го игра натпреварот од 15. коло во Бундеслигата, каде ќе гостува во Менхенгладбах кај екипата на Борусија.
Пред овој натпревар пред медиумите се обрати тренерот на баварскиот великан Ханси Флик, каде сите ги интересираше дали Баерн ќе донесе засилувања во јануарскиот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот на Баерн истакна дека нема планови.
„Ситуацијата моментално е тешка поради короната. Затоа оваа екипа ќе ја задржиме до крајот на сезоната. Не знам дали некој ќе замине, но имаме квалитетна екипа и нашите цели остануваат исти.“ – рече Флик.
Играчите кои би можеле да го напуштат клубот се Чави Мартинез и Џошу Зиркзе. Флик не знае ништо околу тоа.
„Ништо не сум слушнал за тоа. Верувам дека ќе бидат во екипата и во наредните шест месеци.“ – рече Флик.