Дома Македонски спорт ФК Љуботен Тетово примен во сојузот на најстари клубови во светот

ФК Љуботен Тетово примен во сојузот на најстари клубови во светот

Фудбалскиот клуб Љуботен од Тетово на 28 март наполни 100 години од формирањето, а деновиве и официјално беше признат како 22-ри најстар фудбалски клуб во светот.

Ова признание го доделува англиски Шефилд, кој важи за прв фудбалски клуб на светот, формиран во 1857 година. Во ова друштво влегуваат сите клубови кои наполниле 100 години и, што е најважно, кои континуирано работат и немале прекин во постоењето.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


„Во нашите витрини од денес 9 мај се наоѓа официјална плакета за прием во Club of Pioneers и рамка со официјалните дресови во клупските бои на првиот фудбалски клуб во светот Шефилд од Англија и на нашиот тим“, инфомираат од ФК Љуботен.

„Исто така, имаме и официјално видео обраќање и честитка по повод приемот за полноправен член на Љуботен од страна на Ричард Тимс, претседател на Шефилд ФК и основач на Клубот на Пионери“, додаваат од тетовскиот клуб.

Историските податоци кажуваат дека ФК Љуботен е формиран како спортски фудбалски колектив во 1919 година од гимназијалците во Тетово. Највисоко достигнување на клубот е настапување во Првата македонска лига 1993 до 1996 година.

Спортската историја на ФК Љуботен не била ни малку лесна. Клубот имал подеми, но и големи падови. Се натпреварувал во Првата југословенска лига, но и малку недостасувало целосно да пропадне и да се затвори поради немање парични средства.

Денес состојбата на клубот е мошне тешка, а се натпреварува во трета македонска фудбалска лига-запад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Новиот селектор го објави списокот на повикани фудбалерки за натпреварите со Летонија

Женската А репрезентација на Македонија со новиот селектор го започнува циклусот на квалиф…