Дома Фудбал Италија ФИФпро застана во одбрана на Елмас и друштвото: И фудбалерите имаат приватен живот!

ФИФпро застана во одбрана на Елмас и друштвото: И фудбалерите имаат приватен живот!

Наполи неодамна одлучи да ги казни фудбалерите со вкупно 2.5 милиони евра поради бојкотот кон карантинот.

Ќе потсетиме после лошите резултати претседателот Аурелио Де Лаурентис нареди фудбалерите да одат во седумдневен карантин меѓутоа таа наредба играчите на италијанскиот клуб не ја испочитуваа и предвреме го напуштија карантинот. Меѓутоа после казната реагираше ФИФПро (светското здружение на фудбалери) тие тврдат дека казната неоснована.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Фудбалерите како и секој вработен во било кој сектор имаат право на приватен живот. Играчите на Наполи не можат да бидат жртви на лична одлука на некој во клубот само поради неговото незадоволство. Ние ја поздравуваме одлуката фудбалерите да бидат обединети во оваа ситуација“, стои во соопштението од ФИФПро.

Инаку, македонскиот фудбалер Елиф Елмас беше казнет со 57.000 евра што е половина од неговите месечни примања, најголема казна заработи Лоренцо Инсиње (повеќе од 330.000 евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…