Во текот на вчерашниот ден пристигнаа информации за наводно воведување на син картон на фудбалските натпревари, меѓутоа денес пристигна демант од Светската фудбалска организација.
ФИФА одлучи брзо да се огласи по големите најави на медиумите кои тврдеа дека наскоро во фудбалот ќе се воведе нов картон кој ќе значи дека играчот ќе биде исклучен десет минути.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секое такво тестирање, доколку се спроведе треба да се ограничи одговорно на пониските ниво. ФИФА ќе се придржува до тој став до годишното генерално собрани на ИФАБ на 2-ри март каде“, објавија од ФИФА.
Најавите во текот на вчерашниот ден беа дека синиот картон ќе се воведе од следната сезона, меѓутоа по оваа објава од ФИФА јасно е дека тоа нема да се случи.