Атлетико Мадрид во вчерашниот ден и официјално испрати жалба до ФИФА поради контактот кој го имала Барселона со Антоан Гризман.
Управата на Каталонците стапиле во контакт со Французинот и неговото семејство, а тоа го потврд и директорот на клубот, Гиљермо Амор, истакнувајќи дека од клубот разговарале со родителите и сестрата на Французинот за можниот трансфер на ѕвездата на „јорганџиите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Добивме тужба од Атлетико Мадрид во врска со случајот на Гризман“, изјави неименуван извор од ФИФА.
Кога Атлетико доби забрана за трансфери до зима, Гризман минатото лето го продолжи договорот до 2022 година, но сепак реално е да се очекува најдоцна во летниот преоден рок да замине од „Ванда Метрополитано“.