Се ближи полека СП во Русија, а Меѓународната фудбалска федерација одлучи дека е вистински момент да ги „размрда духовите“ ширум светот.
Имено, ФИФА донесе одлука на СП во Русија да биде користена ВАР технологијата, поточно „видео асистент“ што Хотспорт веќе и најави.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Употреба на снимка ќе биде дозволена меѓутоа во четири ситуации: за погодок, за црвен картон, досуден или недосуден пенал и грубо прекршување на некое од фудбалските правила или судиските грешки, како што е пример давање картон на погрешен играч.
Судијата има право на основа на снимката да ја промени одлуката, но не е обврзан.
Ова без сомнеж одекна ширум светот, бидејќи на одреден број навивачи употребата на видео-снимката им се допаѓа, додека останатите сметаат дека видео технологијата ја „уништува душата“ на фудбалот па оттаму се жестоки противници.
FIFA have confirmed that VAR will be used at this year's World Cup. ?⚽️
Are you happy about that? ? pic.twitter.com/hR2oM1P42u
— Footy Jokes (@Footy_Jokes) January 22, 2018