Дома Фудбал Англија ФИФА потврди: Челзи испратил жалба – се чека одлуката

ФИФА потврди: Челзи испратил жалба – се чека одлуката

chelsea

ФИФА неодамна го казни Челзи поради кршењето на правилата за доведување на помлади играчи од 18 години.

Клубот од Премиер лигата доби забрана за доведување на играчи во наредните два преодни рока што значи дека „сините“ не ќе може да се засилуваат до јануари 2020 година. Челзи како што тогаш се наведе направил прекршок во дури 29 ситуации во трансферите на играчи кои се помлади од 18 години.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Денес ФИФА потврди дека добила жалба од Челзи на оваа одлука, а претходно од овој клуб категорички ги отфрлаа обвинувањата за прекршување на правилата.

Во слични ситуации претходно ФИФА се согласуваше да не ја спроведува казната за времетраењето на процесот на жалбата.

Барселона и Реал претходно можеа да купуваат играчи додека чекаа одлука за жалбата. Барселона на крајот доби дозвола за регистрација на нови играчи, додека клубот од Мадрид беше казнет во еден преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…