ФИФА покрена истрага за видеото кое се појави на социјалните мрежи во кое неколку аргентински репрезентативци пеат навредливи песни против француските играчи по освојувањето на Копа Америка, a која Француската фудбалска федерација ја опиша како „расистичка и дискриминаторска“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„ФИФА е запознаена со видеото кое кружи на социјалните мрежи и инцидентот се истражува. ФИФА најостро осудува каква било форма на дискриминација против кој било, играчи, навивачи или судии“, објави меѓународната фудбалска организација.
Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Челзи, Весли Фофана го опиша контроверзното видео објавено на социјалните мрежи од неговиот клупски колега Енцо Фернандез како „неприфатлив расизам“, а Фернандез подоцна се извини со образложение дека бил „понесен од еуфоријата на прославата“.