Дома Фудбал Останато ФИФА официјално ги доби предлозите: Можни се седум нови правила во фудбалот!

ФИФА официјално ги доби предлозите: Можни се седум нови правила во фудбалот!

fifa

Можните правила се претставени на Конгресот во Абердин во Шкотска.

Фудбалот секогаш се обидува да одржува чекор со времето. Сведоци сме на воведувањето на ВАР технологијата, а во наредниот период не очекуваат промена на фудбалските правила.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Имено, поранешниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан и легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина пред ФИФА претставија седум предлози за промена на фудбалски правила.

Тоа го направија на конгресот на ФИФА во Абердин, а во продолжение може да прочитате за какви промени се работи.

1. При формирањето на живиот ѕид противничките фудбалери повеќе нема да смеат да бидат во него. Ќе мораат да бидат одалечени најмалку едно метри.

2. Кога голманот ќе ја изведува топката од петерецот противничкиот играч повеќе нема да мора да чека таа да го напушти казнетиот простор, туку може да тргне по неа во моментот кога голманот ќе ја шутне.

3. Секогаи грање со рака во казнетиот простор во висина над рамото ќе биде санкционирано со најсторга казна, без оглед на тоа дали играчот има или нема намера.

4 .Нема да има можност да се постигне гол со рака, дури и ако топката случајно го погоди играчот пред да заврши во мрежата.

5. Тренерите и играчите од клупата ќе можат да добиваат жолти и црвени картони.

6. Фудбалерот кој излегува од игра ќе може да го напушти теренот од било кое место (нема да мора да доаѓа до средината на теренот).

7. Судиите повеќе нема да се сметаат за „непостоечки“ кога топката ќе удри во нив. Ако топката се одбие од судијата во гол-шанса или после контактот со нив заврши во голот, акцијата се прекинува и топката се враќа на екипата која ја имала во посед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…