ФИФА одлучи да рагира по однесувањето кое го покажа легендарниот Марадона на трибините во Русија.
ФИФА побара од Марадона да се однесува пристојно и да покаже почит кон другите навивачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Она за што светот се крена на нозе беше однесувањето на Марадона на мечот на Аргентина против Нигерија. Навивачите и спортската јавност беа збунети и она што го просведочија. Имено, Диего Марадона на трибините имаше моменти на бес, на среќа, танцуваше, покажа и средни прсти…
Оттаму, ФИФА испрати усно предупредување до него, со оглед на тоа дека Аргентинецот е дел од програмата на ФИФА, „Легендите на СП“ од каде заработува 12 илјади евра и патни трошоци.
„Диего Марадона е едно од најголемите имиња кои се појавиле во улогата за промоција. Играчите кои биле тука да ја испишат историјата, треба да играат важна улога. Од сите затоа, вклучувајќи ги актуелните фудбалери, стручните штабови, персоналот и навивачите, да се однесуваат пристојно и покажат почит кон останатите“, истана Колин Смит, инаку извршен шеф на ФИФА за Мундијалот во Русија.