Дома Фудбал Останато ФИФА добила огромна понуда, формира мини Светско првенство?

ФИФА добила огромна понуда, формира мини Светско првенство?

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино предложи основање на мини Светско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварувањето кое го замислил првиот човек на ФИФА би се играло на две години и би се натпреварувале најдобрите осум селекции на светот.

Првенството би го носело името „Final 8“ и би се играло во октомври и ноември почнувајќи од 2021 година, би се одржувало на секои 12 години.

Наводно, ФИФА веќе добила понуда од неименуван инвеститор кој за правата на ова натпреварување е спремен да понуди дури 25 милијарди долари за 12 години, а таквата финансиска прилика едноставно не се пропушта.

Па така, според сегашната ситуација од 2021 година би добиле ново натпреварување под покровителоство на ФИФА, додека Купот на Конфедерации кој се играше на секои четири години во земјата домаќин на Мундијалот би бил укинат.

Инфантино претходно најавуваше и промени на самото Светско првенство. Тој има идеја за Мундијал со 48 натпревари и овој формат би можел да биде применуван од 2022 година во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лудило со 10 голови: Англија ја совлада Франција за трето место на СП (Видео)

Англија го освои третото место на Светското првенство по спектакуларната победа од 6-4 про…