Останува уште нешто повеќе од еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар, а Јужноамериканската фудбалска конфедерација (KONMBEOL) веќе размислува за Светското првенство во 2026 година.
Светското првенство во 2026 година ќе биде прво во историјата што ќе се одржи во три земји (САД, Канада и Мексико) и со 48 учесници. Сепак, тоа не е единствената новост.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ФИФА објави дека во рамките на КОНМЕБОЛ во квалификациите за следното Светско првенство директен пласман наместо досегашните четири ќе имаат шест репрезентации.
Исто така, екипата која ќе го заземе седмото место ќе има шанса преку плеј-офот да се пласира на најголемиот фудбалски турнир во светот. Тоа значи дека само три јужноамерикански репрезентации ќе останат без никакви шанси за пласман.
За потсетување, Јужна Америка на Светското првенство годинава во Катар (од 20 ноември до 18 декември) ќе ја претставуваат Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај.