Дома Фудбал Италија Фиорентина потврди пристигнување на фудбалерот од Евертон, се очекува пристигнување и на Пјаца

Фиорентина потврди пристигнување на фудбалерот од Евертон, се очекува пристигнување и на Пјаца

Фиорентина во новата сезона во Серија А ќе влезе одлично покриена на крилните позии, со оглед на тоа дека денес од таборот на Виола е потврдено дека на екипата ќе и се придружи Кевин Миралас, додека се очекува пристигнување и на Марко Пјаца.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кевин Миралас оддамна стана вишок на „Гудисон Парк“, а Белгиецот во Фиорентина стигнува првобитно на позајмица од Евертон, додека италијанскиот клуб потоа ќе има опција за откуп на неговиот договор следното лето.

„Фиорентина соопштува дека ги доби спортските права на Кевин Миралас од Евертон кој пристигнува на позајмица со опција за откуп на договор“, соопштија денес од Фиорентина.

Се претпоставува дека Миралес, кој последната полусезона ја мина во Олимпијакос, договори соработка во траење од четири години, а во Фиорентина наскоро се очекува пристигнување од Јувентус на Марко Пјаца. И Пјаца би требало да стигне прво на позајмица, а потоа неговиот договор би бил откупен за околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Видео) Арсенал доби помош од судиите? „Ова мораше да биде црвен картон“

Фудбалерите на Арсенал се на чекор од освојување на првата титула шампион на Англија после…