Јувентус минатиот зимски преоден рок го доведе Душан Влаховиќ од Фиорентина, но српскиот голгетер се уште во целост не ги исполнува очекувањата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За Влаховиќ, Јувентус плати сума од околу 80 милиони евра, а сега сопственикот на „виолетовите“ објасни како ја направиле математиката за заминувањето на Србинот, но и објасни зошто Јувентус погрешил.
„За Кабрал и Јовиќ плативме 15 милиони евра и сезонава вкупно ни донесоа 20 голови во сите натпреварувања. Влаховиќ во Јувентус постигна 10 голови. Тоа значи дека постигнал двојно помалку голови од нашите напаѓачи, додека ние на сето тоа и заработивме 70 милиони евра“.
„Доведувањето на Кабрал и Јовиќ за наш се покажа како одличен потег. Засега Јувентус не направи полн погодок со Влаховиќ“, изјави Роко Комисо.
Тука треба да се додаде и дека Влаховиќ сезонава пропушти неколку натпревари поради повреда.