ШПАНИЈА и ФРАНЦИЈА од 21 часот ќе го играат првото полуфинале на ЕП во Минхен. Фудбалските фанови и експертите го сметаат за финале пред финалето. Костурот на нокаут фазата одлучи двата најголеми фаворити за европската титула да се на иста страна на ждрепката. Победникот од оваа двојка ќе игра за титулата против подобриот од утрешниот натпревар меѓу Англија и Холандија.
Денешните противници на различни начини стигнаа до полуфиналето. Шпанија импресионираше со играта и резултатите. Групата со Италија, Хрватска и Албанија ја заврши со три победи. Потоа доминираше со сензационалната Грузија (4:1) во осминафиналето и драматично го совлада домаќинот Германија (2:1) во четвртфиналето на крајот од продолженијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, денеска против Франција ќе бидат многу ослабени со тоа што нема да играат дури тројца првотимци. Карвахал и Ле Норманд се суспендирани, а Педри е повреден. Но, тренерот Луис Де ла Фуенте знае како да ги замени, но и како попатно да го запре Килијан Мбапе.
Додека Шпанија импресионира, Франција се провлече до полуфиналето со слаб настап, особено за тим составен од толку многу одлични поединци. На пет натпревари на ЕП постигнаа само три гола, но два од нив беа автоголови, а еден беше пенал. Франција во чиј напад се Мбапе, Гризман, Турам… не да ниту еден гол од игра.
Групата со Австрија, Холандија и Полска ја завршија со една победа и две нерешени. Во нокаут фазата со автогол ја победија Белгија со 1:0, а потоа и Португалија (0:0) по изведување пенали. Француските медиуми најавуваат дека поради ваквата слаба реализација, селекторот Дешам ќе направи промена и од првиот тим ќе го тргне Антоан Гризман.
Преносот од натпреварот можете да го гледате на МТВ1.