Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ФИНАЛЕ НА ЕП: Англичаните ќе се обидат да застанат на тронот после 55 години

ФИНАЛЕ НА ЕП: Англичаните ќе се обидат да застанат на тронот после 55 години

Италија и Англија од 21 часот на Вембли ќе го одиграат големото финале на ЕП.

Англичаните ќе се обидат да го освојат првиот трофеј после 1966. година кога на домашен терен го освоија Светското првенство. Ова финале се игра на истото место, но на нов стадион на кој ќе има околу 68.000 навивачи. За Италијанците се резервирани 8000 места.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија до финалето ги победи Германија со 2:0, Украина со 4:0 и Данска со 2:1 после продолженијата.

„Овој натпревар сега е сосема тактички поразличен предизвик и за тоа мора правилно да се подготвиме. Го почитуваме противникот, италијанските играчи се фантастични, имаат добар тактички план, имаат искусен тренер и неверојатна серија. Но, и ние имаме свои адути. Ако прерано почнеме да размислуваме за трофејот, може лошо да завршиме.“ – рече Саутгејт пред натпреварот.

Италија на ова ЕП го игра најдобриот фудбал, а до финалето ги победи Австрија со 2:1 после продолженијата, Белгија со истиот резултат, а во полуфиналето после изведување на пеналите беше подобра од Шпанија.

„Мора да останеме смирени. Ќе биде тешко, има многу причини за тоа, но мора да се концентрираме на нашиот фудбал и свесни сме дека тоа е наша последна препрека. Сакаме да уживаме во тие 90 минути. Англичаните секогаш имале добри играчи, но последните години нив ги следеше среќата. Утре ќе биде одличен натпревар на полн стадион, а тоа е нешто прекрасно.“ – рече Манчини пред натпреварот.

Италијанците ќе бидат без Леонардо Спинацола кој се повреди на натпреварот против Белгија, додека кај Англичаните под знак прашалник е настапот на Фоден.

Очекувани состави:

Италија: Донарума, Емерсон, Кјелини, Бонучи, Ди Лоренцо, Барела, Жоргињо, Верати, Инсиње, Имобиле, Киеза.

Англија: Пикфорд, Лук Шо, Мегваер, Стоунс, Волкер, Рајс, Филипс, Стерлинг, Маунт, Сака, Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …