Дома Македонски спорт Мак ракомет Филип Талески потпиша за Рајн Некар!

Филип Талески потпиша за Рајн Некар!

Еден од најталентираните македонски ракометари Филип Талески од 2018 година и официјално ќе го носи дресот на германскиот шампион, Рајн Некар.

Рајн Некар Левен и официјално го потврди ангажманот на Филип Талески, кој од летото 2018 ќе се пресели во германскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


20-годишниот македонски ракометар има договор со Металург до јуни 2018, а потоа ќе премине во Рајн Некар со кој потпиша до 30 јуни 2021 година.

„Секој млад ракометар сонува да игра во Бундеслигата и во Рајн Некар Левен. Не го одбрав само најдобриот клуб од Германија, туку еден од најдобрите во Европа“, изјави Филип Талески.

Раководството на германскиот клуб изразува воодушевеност што Талески го одбрал токму Рајн Некар Левен за следна станица во кариерата.

„Воодушевени сме што Филип го одбра Рајн Некар Левен. Тој е голем талент и сака следниот чекор во кариерата да го направи со нашиот клуб“, истакна спортскиот директор, Оливер Рогиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …