Дома Македонски спорт Мак ракомет Филип Кузмановски успешно опериран!

Филип Кузмановски успешно опериран!

Ракометниот клуб Металург преку својата официјална страна потврди дека успешно завршила операцијата врз десната дланка на Филип Кузмановски.

Операцијата, која траеше 2,5 часа, беше изведена во Загреб, а ја изведе проф. др. Ранко Билиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Операцијата траеше подолго од предвиденото, но е целосно успешна и јас се чувствувам добро. Контрола ќе имам во вторник, а вечерва се враќаме во Скопје“, кратко изјави Кузмановски.

Според првичните информации, Филип Кузмановски ќе паузира два месеци од терените, што значи дека сигурно ќе го пропушти претстојното Светско Првенство во Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…