Дома Фудбал Останато Фиго: Дембеле најмногу ме потсетува на мене

Фиго: Дембеле најмногу ме потсетува на мене

Додека го носеше дресот на Барселона и Реал Мадрид Луис Фиго беше најдобар играч во светот, а во 2000 година ја освои и Златната топка.

Фиго долги години како во клубот, така и во репрезентацијата создаваше главоболки за неговите противници.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во разговор за „Марка“ легендарниот Португалец избра играч кој најмногу личи на него по начинот на игра. За многумина изненадување е што го избра Осман Дембеле.

„Ако ме прашувате кој играч најмногу потсетува на мене ќе ви кажам дека за мене тоа е Осман Дембеле. Немаше среќа со повредите, тој е голем потенцијал. Навистина мислам дека личи на мене по начинот на игра“.

„Потоа постојат уште некои играчи како Гнабри од Баерн, кој е навистина добар. Игра на крило и ми се допаѓа како се снаоѓа во ситуациите на еден на еден и Ансу Фати почнува да го прави тоа“, изјави Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…