Утре кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ги започне квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
Прв противник на Македонија во салата „Борис Трајковски“ ќе и биде Естонија. Пред стартот на квалификациите ФИБА објави ранг листа на селекциите кои ќе се борат за пласман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ФИБА на оваа ранг листа покажа дека не верува многу во нашата селекција и ја смести на 29. позиција. Послабо рангирани од нас се само Швајцарија, Романија и Австрија.
„Ако претпоставиме дека Италија и Русија се пресилни во оваа група тоа значи дека натпреварот помеѓу Македонија и Естонија во четврток може да одлучи се во групата. Тој е прв натпревар во таа група“, стои во објаснувањето на ФИБА.
Нашиот противник Естонија е рангирана три места пред нас. Италија и Русија исто така се во нашата група се на 6. и 7. место.