Дома Фудбал Фердинанд: На Роналдо му украдоа една Златна топка, онаа што ја освои Модриќ

Фердинанд: На Роналдо му украдоа една Златна топка, онаа што ја освои Модриќ

РИО ФЕРДИНАНД тврди дека на Кристијано Роналдо му била одземена една Златна топка во кариерата и дека тоа било во 2018 година, кога играчот од средниот ред на Реал Мадрид и капитен на хрватската репрезентација Лука Модриќ бил прогласен за најдобар во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според него, тогаш била направена неправда и на Португалецот му било одземено големото признание.

Познатиот поранешен англиски фудбалер одговори на прашањето за Златната топка и споредбите меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, големи ривали и дуо за кое многумина тврдат дека треба да се нарече најдобарo на светот.

Запрашан кој има повеќе Златни топки, Фердинанд рече: „Меси. Седум на пет. Роналдо беше украден во годината кога Модриќ ја освои“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …