Дома Фудбал Англија Фердинанд го советува Манчестер Јунајтед кои фудбалери да ги купи

Фердинанд го советува Манчестер Јунајтед кои фудбалери да ги купи

Рио Фердинанд откако ја заврши фудбалската кариера работи како стручен аналитичар и коментатор на актуелните случува во Англија и неговите анализи често привлекуваат внимание.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нормално една од најчестите теми кај Рио е Манчестер Јунајтед во кој ги помина најдобрите фудбалски години, а од заминувањето на „црвените“ клубот се мачи да ја најде потребната форма и да се вратат во самиот врв во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Сега Фердинанд ги предложи имињата на фудбалерите кои според него Јунајтед треба да ги ангажира.

„Јас би го купил, Томас Парти од Атлетико или Ндиди од Лестер. Исто така како играч ми се допаѓа Саул Нигез. Тој би бил одлично засилување во средината на теренот. Потребен е и централен дефанзивец, стопер. Тука навистина е тешко да се одлучи дали да се тргне по млад играч како Бен Годфри од Норвич или Кулибали од Наполи“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инфантино повторно се огласи: Повторувам, мораме да ги почитуваме судиите и правилата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повторно се огласи преку социјалните мрежи, среде по…