Сер Алекс Фергусон пронашол интересен начин да помине дел од времето кое го минуваше дома поради пандемијата со коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ферги го склопил лего моделот на „Олд Трафорд“ и така уште еднаш потврди дека Манчестер Јунајтед и култниот стадион се во неговото срце.
Според англиските медиуми овој сет чини околу 250 фунти и содржи 3898 делови. За склопување потребни се околу седум ипол часа.
Легендарниот стратег имал време, а пред се и нерви, сепак на крајот се исплати затоа што моделот изгледа одлично.
