Дома Фудбал Англија „Ферги тајм“ на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед во натпревар со пет гола и пресврт до нова победа! (ВИДЕО)

„Ферги тајм“ на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед во натпревар со пет гола и пресврт до нова победа! (ВИДЕО)

„Ферги тајм“ повторно живее на „Олд Трафорд“ – така може да се опише денешниот натпревар на Манчестер Јунајтед против Саутемптон.

Натпреварот за Саутемптон започна одлично Валери со вистински проектил го доведе Саутемптон во водство во 26-тата минута. И до крајот на првиот дел иако видовме шанси, резултатот не се менуваше и гостите заминааа со минимална предност на паузата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На стартот од вториот дел во 53-тата минута Андрес Переира со вистинско ремек дело изедначува на 1:1, а само пет минути подоцна Ромелу Лукаку погодува за целосен пресврт.

Саутемптон не се откажа иако Јунајтед се врати продолжија со добрата игра, а Ворд Праус со мајсторски гол од слободен удар погодува за 2:2.
И тогаш онака „фергусоновски“ во „ферги тајм“ Манчестер Јунајтед стигнува до важни три бода со вториот гол на Лукаку.

Победата на Манчестер Јунајтед можеше да биде и поубедлива меѓута Пол Погба не реализираше најстрога казна во самиот финиш од натпреварот.

„Црвените ѓаволи“ со оваа победа се искачија на четвртата позиција пред Арсенал кој денес одигра реми (1:1) во градското дерби против Тотенхем.

Следното коло во Англија носи уште еден супер интересен натпревар и тоа помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед. Во овој натпревар избраниците на Солскјер ќе имаат прилика да ја зголемат предноста или пак Арсенал да се врати на четвртата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …