Дома Останати Кошарка НБА Феникс го запре Кари ги доби „Вориорси“, Харден донесен победа за Бруклин 🎥

Феникс го запре Кари ги доби „Вориорси“, Харден донесен победа за Бруклин 🎥

Најголемо внимание во НБА лигата во изминатата вечер привлекуваше натпреварот од Западната конференција помеѓу Феникс и Голден Стејт.

Дуелот на крајот го доби Феникс со резултат 104:96 со што стигнаа до 17. победа во низа. За Санси ова беше 17. победа во низа и го завршија месецот без пораз. Успеаа да стигнат до победата и покрај тоа што играа без својот најдобар кошаркар Букер кој се повреди. Букер одигра 15-тина минути и во тој период постигна 10 поени. Најрасположен во нивните редови беше Ајтон со 25 поени и 11 скока, Крис Пол додаде 15 поени, 11 асистенции, 6 скока и 5 украдени топки. Причина за поразот Голден Стејт може да бара во слабото издание на Кари кој постигна само 12 поени, Пул со 28 беше прв стрелец.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дербито помеѓу Бруклин и Њујорк го добија Нетси. Џејмс Харден со двете слободни фрлања обезбеди победа за Бруклин. Мечот Харден го заврши со 34 поени, 10 скока и 8 асистенции, Дурент уфрли 27.

Во останатите натпревари Лејкерси и без Леброн дојдоа до победа против Сакраменто од 92:117, Портланд славеше против Детроит (110:92), додека Торонто доживеа пораз од Мемфис (91:98).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…