Дома Останати Кошарка Феникс гази, Милвоки лесно со Орландо, Атланта влезе во серија, Богдановиќ солиден 🎥

Феникс гази, Милвоки лесно со Орландо, Атланта влезе во серија, Богдановиќ солиден 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Тимот на Феникс продолжува да реди победи и стигна до 13. во низа на гости кај Сан Антонио (111:115). Феникс е тимот со најдобра форма во лигата, а во овој меч предност направија во првите три четвртини. Сан Антонио ја доби последната но веќе беше доцна за да можат да направат некаков пресврт. Букер беше најефикасниот со 23 поени, Ејтон надоврза 21 поен и 14 скока.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион Милвоки лесно се справи со Орландо (123:92). Стратегот на Милвоки си дозволи во финишот и да ги одмара ѕвездите бидејќи победникот беше решен порано. Сите стартери на Миловоки стигнаа до двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Џру Холидеј со 18 поени.

Кливленд на домашен терен беше поразен од Бруклин (112:117). Добро започнаа домаќините и на полувремето имаа позитивен. Сепак фаворитот во продолжени успеа да направи пресврт и да дојде до победата. Кевин Дурант беше најефикасниот со 27 поени.

Атланта влезе во добра серија и стигна до петтата победа во низа со што го продолжи патот кон плеј-офот. Хокси прашањето на победникот против Оклахома (113:101) го решија во првите три четвртини кога ја направија недостижната разлика. Богдан Богдановиќ одигра одличен натпревар и натпреварот го заврши со 13 поени. Најефикасниот беше Трае Јанг со 30 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:  Кливленд – Бруклин 112: 117, Вашингтон – Шарлот 103: 109, Атланта – Оклахома 113: 101, Бостон – Хјустон 108:90, Чикаго – Индијана 77: 109, Милвоки – Орландо 123:92, Њу Орлеанс – Минесота 96: 110, Сан Антонио – Феникс 111: 115, Јута – Мемфис 118: 119, Сакраменто – Филаделфија 94:102.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…