Дома Фудбал Англија Фелаини нема да биде казнет за чудниот прекршок – се огласи и Гендузи!

Фелаини нема да биде казнет за чудниот прекршок – се огласи и Гендузи!

felaini

Белгиецот изгледа нема да биде казнет.

Манчестер Јунајтед вчера ремизираше на „Олд Трафорд“ против Арсенал (2:2), а во финишот на натпреварот на теренот истрча Маруан Фелаини.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фелаини не влијаеше на резултатот, но поради еден потег привлече внимание од медиумите.

Имено, тој имаше еден интересен дуел со младиот фудбалер на Арсенал, Гендузи. Во таа ситуација, Фелаини го фати за коса Гендузи. Судијата Маринер се огласи во таа ситуација и досуде прекршок, но Белгиецот не доби дополнителна санкција.

Според „Скај Спорт“, Фелаини нема да биде казнет за ваквиот потег, а младиот фудбалер имаше шеговит коментар после натпреварот.

„Мислам дека во прашање е љубомора. Можеби не може да го прифати фактот што има кратка коса, па сакаше да си ја врати фризурата“, изјави Гендузи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…