Тренерот на Лион, Бруно Генезио, призна дека неговиот најдобар фудбалер Набил Фекир е разочаран затоа што му пропадна трансферот во Ливерпул.
Фекир пред почетокот на Мундијалот во Русија беше на чекор до Ливерпул, но на крајот трансферот пропадна бидејќи „црвените“ во последен момент сакаа да ја намалат цената.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Никогаш не е лесно да се прифати ваков развој на ситуацијата, кога сте блиску до клуб во кој сакате да се преселите. Сакате да постигнете ново ниво во кариерата, но можеше да биде и полошо за него. Тој е во Лион, во добар клуб и е капитен на екипа која ќе игра во Лигата на шампиони“, изјави Генезио.
Интерес за Фекир покажа и Челзи, но „сините“ не успеаа да се договорат со Лион во финишот на преодниот рок.