Дома Останати Федерер со пофални зборови за Новак: Ако не можеш да го победиш…

Федерер со пофални зборови за Новак: Ако не можеш да го победиш…

djokovic federer

Роџер Федерер изјави дека му е мило што ќе биде во тимот со Новак Ѓоковиќ во Лејвер купот, бидејќи така не може да загуби од српскиот тенисер.

Федерер ја прескокна сезоната на земја за поспремен да ја дочека сезоната на трева, но во четвртфиналето на Вимблдон загуби од Кевин Андерсон. На бетонот загуби во финалето на Синсинати од Новак Ѓовковиќ, а во четвртото коло на УС Опен од Џон Милман.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред патот за Кина, ќе игра за тимот на Европа во Лејвер Купот заедно со Ѓоковиќ, Александар Зверев, Давид Гофин, Григор Димитров и Кајл Едмиунд.

Швајцарецот не криеше дека би сакал да игра во дабл со Србинот.

„Кога не можете да ги победите, придружете им се. Многу сум возбуден. Да бидам искрен, минатата година ми беше чудно да седам на клупата. Јас сум тенисер, сакам да играм. Меѓутоа, тогаш би сакал да се свртам на теренот и со воодушение да ги гледам Тим и Рафа како играат, бидејќи во тој момент беа подобри од мене. Сигурен сум дека ќе биде исто и со Новак. Одлично е да гледате натпревар каде што вашиот соиграч го победува другиот“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал после две години победи на земја

Рафаел Надал денеска го одигра својот прв натпревар по пауза од 103 дена и запиша лесна по…