Најдобриот тенисер во светот, Роџер Федерер нема да учествува на третиот Мастерс турнир во сезоната во Монте Карло кој стартува на 16. април.
Покрај Швајцарецот на листата од ТОП 10 ги нема и Аргентинецот Дел Потро, кој минатиот викенд победи во финалето против Федерер во Индијан Велс и го освои првиот Мастер во кариерата, како ниту Кевин Андерсон од Јужна Африка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Монте Карло нема да го гледаме ниту Стен Вавринка кој поради повреда нема да го гледаме некое време на теренот. Во Кнежевството на теренот би требало да се врати десеткартниот освојувач на третиот Мастерс во сезоната, Рафаел Надал, а пријавен е и Новак Ѓоковиќ..
Вреди да се напомене дека титулата ја брани Надал.