Дома Фудбал Англија ФА спрема жестока казна – ќе избори ли Вест Хем опстанок доколку добие ваков удар?

ФА спрема жестока казна – ќе избори ли Вест Хем опстанок доколку добие ваков удар?

„Чеканите“ би можеле да се соочат со навистина голем проблем.

Кога се хулиганите во прашање во Англија казните се огромни, а сега тоа би можел да го почуствува и премиерлигашот од Лондон.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Навивачите на Вест Хем во последниот натпревар против Барнли успеаа да влезат на теренот и бараа промена на управата, а еден од хулиганите влезе и во директен судир со капитенот на тимот, Марк Нобл.

„Скај Спорт“ денес пренесува дека ФА сериозно размислува да го казни Вест Хем со забара за присуство на навивачи до крајот на сезоната. Тоа секако би бил голем удар за „чеканите“ кои се борат за опстанок.

Вест Хем се наоѓа на 16 позиција со 30 освоени бодови, Стоук и Кристал Палас кој се во опасната зона имаат само три помалку.

Покрај тоа се очекува поединците кои се симнаа на теренот да бидат жестоко казнети, парично, но и со забрана за посета на стадионот на одреден временски период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …