Дома Фудбал Англија ФА отвори обвинение против Микел Артета

ФА отвори обвинение против Микел Артета

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е обвинет за недолично однесување поради коментарот на судењето по поразот во Премиер лигата од Њукасл од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал го загуби тој меч од Њукасл со 0:1, а Артета одлуката на судијата на ВАР ја нарече „срамна“.

Судијата Ентони Гордон три пати во текот на натпреварот ја проверуваше ситуацијата со ВАР технологијата, а на крајот пресуди во корист на Њукасл. Тренерот на лондонскиот тим има рок до вторник да поднесе жалба.

„Неговите коментари претставуваат недолично однесување бидејќи се навредливи за судиите или се штетни и го нарушуваат угледот на натпреварувањето“, соопшти ФА, пренесе Би-би-си.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија на нозе: Стигнаа нови вести за Пеп Гвардиола!

Италијанската репрезентација може да добие едно од најгласните тренерски имиња во светот. …