Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ќе може да игра на следниот меч против Астон Вила, откако ФА се реши да му го поништи црвениот картон, добиен на мечот со Тотенхем на „Олд Трафорд“.
Фернандеш доби директен црвен картон откако го удри Џејмс Медисон од Тотенхем во потколеницата по опасен старт. Судијата Крис Каванаг оцени дека фаулот е опасно играње, а судијата во ВАР ја потврди одлуката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот веднаш се жалеше на оваа одлука, а информациите од Англија говорат дека Фудбалската асоцијација (ФА) ја првифатлиа жалбата.
Ваквата одлука донесе поголеми критики и сомнеж кон англиските судии и нивните одлуки.