Дома Фудбал Фантастични вести за Гвардиола, моќниот Сити во наредниот период уште посилен!

Фантастични вести за Гвардиола, моќниот Сити во наредниот период уште посилен!

И онака силниот тим на Пеп Гвардиола во наредниот период ќе биде уште посилен.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денес потврди дека одличниот дефанзивец Џон Стоунс е спремен за враќање на терените.

Стоунс беше надвор од терените скоро два месеци, но сега е повторно спремен да настапи.

„Стоунс во текот на вчерашниот ден одработи цел тренинг со екипата, од следниот тренинг ќе можеме повторно да сметаме на него. Тоа е навистина фантастична и важна вест за нас“, изјави Гвардиола и истакна дека Компани не е потешко повреден.

„Не е страшно како што во прв момент си мисливме. Повредата е полесна, Комапни наскоро ќе биде со тимот, но не можам да потврдам дека тоа ќе биде за викендот“, истакна Гвардиола.

Сити во недела со почеток 13:00 часот гостува кај екипата на Кристал Палас, а потоа веќе во вторник ги очекува натпревар против Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…