Навивачите на Пари Сент Жермен продолжуваат да го искажуваат незадоволството од раната елиминација во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера фановите жестоко ги исвиркаа скапите ѕвезди на ПСЖ, а денес им порачаа на катарските сопственици да стојат подалеку од клубот.
Утрово осамнаа транспаренти на клупската база против претседателот Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Леонардо.
„Леонардо/Насер стојте подалеку од нас“ и „Париз никогаш нема да биде катарски“, гласеа транспарентите на фановите.
Француските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната ќе има „чистка“ во клубот и дека најверојатно ќе заминат претседателот Ал Келаифи и директорот Леонардо.
ПСЖ повторно имаше неуспех во Лигата на шампиони и покрај огромните вложувања во тимот.
