Дома Фудбал Останато Фановите на Манчестер Сити: Суперлигата е создадена само од алчност

Фановите на Манчестер Сити: Суперлигата е создадена само од алчност

Maнчестер Сити е еден од 12-те клубови кои потврдија дека ќе бидат дел од новоформираната Суперлига.

Најбогатите клубови одлучија да формираат приватна лига во која ќе имаат многу поголем прихид, 350 милиони евра за учество. Тоа е четири пати повеќе отколку што Баерн заработи минатата година кога ја освои Лигата на шампионите.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Фудбалските фанови ширум светот во најголем дел се против ваквата Суперлига. Јавно бојкот веќе најавија фановите на Сити.

„Апсолутно сме против Суперлигата. Тоа е натпреварување без спортски засулуги и се создава само за алчност. Натпреварувањето е создадено без знаење и консултација со навивачите. Одлучни сме против и ќе соработуваме заедно со фановите на сите клубови за да се слушне и нашиот глас“ стои во соопштението од фановите на „граѓаните“.

Треба да се спомене и дека Јирген Клоп во 2019 година даде изјава во која зборува дека е против ова натпреварување, но сега и неговиот Ливерпул го потврди учеството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…