Дома Тенис Фановите загрижени: Ѓоковиќ го откажа тренингот пред Австралија Опен

Фановите загрижени: Ѓоковиќ го откажа тренингот пред Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа тренингот пред Австралија Опен и ги загрижи фановите поради неговите проблеми со повреди.

Ѓоковиќ има проблеми со задната ложа и затоа не се појави на тренингот, откако и во петокот кажа дека е претпазлив и не тренира со полн инензитет.

„Малку се мачам со задната ложа, но се надевам дека ќе биде подобро. Засега сум внимателен, не тренирам со полн интензитет и штедам енергија за следната недела. Се надевам дека тогаш нема да имам проблеми“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатата сезона не настапи во Мелбурн бидејќи беше депортиран, но сега ќе се обиде да освои нова титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…