Веќе неколку години Јувентус нема сериозна конкуренција во врвот на италијанскиот фудбал, Рома и Наполи нешто се обидуваат, но сепак се далеку, дали следната сезона „росонерите“ се враќаат во врвот?
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ако се суди според трансфер политиката на новите сопственици на Милан, ДА! Имено, практично од кога веќе обезбеди три засилувања, Милан е на пат да обезбеди уште едно страшно засилување.
Се работи за еден од најбараните десни бекови на „Стариот континент“ кој во овој момент е член на Аталанта, младиот Адреа Конти. Ова момче во годините кои следат треба да ги прикажува најдобрите настапи, а интересно е што освен е фантастичен во одбрана, често пати знае и да се запише во листата на стрелци.
Конти за тимот од Бергамо на 46 натпревари постигна дури 10 погодоци, а Аталната за него бара околу 20 милиони евра, што за новите сопственици на Милан не е никаков проблем.