Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс веќе го информираше Кливленд дека нема да го продолжи договорот, па сега е слободен агент.
Медиумите веќе лецитираат кој ќе биде неговиот следен клуб, а главен фаворит за неговиот потпис е Лос Анџелес Лејкерс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џејмс вчера пристигна во Лос Анџелес. Не успеа да се сокрие од новинарите, а многумина тоа го сметаат како знак дека Леброн ќе потпиша со Лејкерс.
From The Decision Cave to LA.
LeBron has landed ? pic.twitter.com/byKzWZlOtt
— SportsCenter (@SportsCenter) June 30, 2018
Засега нема детали околу евентуалниот договор со Лејкерс, а познато е дека Леброн има куќа во Лос Анџелес и често таму престојува за време на одморот.
Во НБА од денес веќе можат да се прават трејдови или кошаркарите да потпипуваат договори со тимовите, па наскоро се очекува „Кралот“ да го објави името на својот нов клуб.