Навивачите на Интер не се задоволни од работата на тренерот Антонио Конте и почнаа да бараат негова смена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Преку социјалните мрежи веќе започна кампања на фановите со хаштаг „Конте Аут“, после последниот пораз од Реал Мадрид.
Интер после четири одиграни натпревари во Лигата на шампиони има само 2 бода и шансите за пласман во следната фаза се сведени на минимум.
И во Серија А резултатите не се такви какви што се очекуваше од почетокот на сезоната и играта на „нероаѕурите“ не е убедлива.
Раководството на миланскиот гигант нема намера да му даде отказ на Конте, но ситуацијата може да се промени доколку Интер продолжи со променливите игри.