Дома Трансфер зона Фалкао понуден на Реал, Перез кажал НЕ

Фалкао понуден на Реал, Перез кажал НЕ

Шпанските медиуми откриваат дека на Реал Мадрид ова лето му бил понуден искусниот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао.

Се посилни се шпекулациите дека Фалкао сака да го напушти Монако. Најмногу се поврзуваше со трансфер во Милан, но откако пропадна таа опција неговите агенти го понудиле на Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кралскиот“ клуб ова лето остана без Кристиано Роналдо, а во нападот го има само Бензема, па поради тоа му бил понуден Фалкао. Меѓутоа, претседастелот Перез веднаш дал до знаење дека не е заинтересиран за 32-годишниот напаѓач.

Колумбиецот по се изгледа ќе остане во Монако, каде има договор до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…