Дома Македонски спорт Фазлагиќ пред Украина и Франција: Со поддршката од публиката верувам дека можеме до бодови!

Фазлагиќ пред Украина и Франција: Со поддршката од публиката верувам дека можеме до бодови!

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја чекаат два натпревари на домашен терен во квалификациите за Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прво на 11. ноември младинците ќе се соочат со Украина, а потоа ни доаѓа првиот фаворит во групата Франција. Репрезентативецот Енис Фазлагиќ порача дека можеме да го искористиме домашниот терен.

„Прво да се сконцентрираме на Украина која е навистина една квалитетна селекција. Ја гледавме на натпреварите на кои правевме анализа, имаат добри индивидуалци и тимска игра. Наше е да се спремиме максимално и да дадеме се од себе. Верувам во победа на домашен терен. Треба да одиме натпревар по натпревар, ништо лесно не не очекува, но дома со поддршката публиката ќе можеме да освоивме бодови“.

„Имав проблеми со зглобот, а потоа почнав да тренирам и во натпреварувачки ритам сум и мислам дека сум спремен“, изјави Фазлагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…