Разни информации пристигнуваат вечерва од срцето на Каталонија, но сите главно укажуваат на најлошото сценарио за клубот и навивачите.
Познато е дека Меси вечерва испратил факс со барање до Барселона за раскин на договорот бидејќи постои клазула според која може еднострано да го раскине договорот. Меѓутоа, во Барселона тврдат дека тоа не е така и дека има договор до следното лето со откупна клазула од 700 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како и да е, Меси сака да замине и тоа изгледа се поизвесно. Угледниот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека Меси со управата на Барса договорил раскин на договорот.
Меси едноставно не се согласува со проектот на Куман и сака да замине. Сега чекаме официјални информации, а навивачите на Барса пред стадионот скандираат “Бартомеу замини“.
Романо исто така објави дека Манчестер Сити е подготвен да започне преговори со Меси, а единствен друг клуб кој може да ги исполни условите на Аргентинецот е ПСЖ.
Here-we-go:
— Fabrizio Romano ? (@FabrizRomano) August 25, 2020
Leo Messi and Barcelona Board have agreed on to terminate his contract. Leo Messi meeting with Barcelona board has just ended. He disagrees with Koeman Project and wants to leave.
More to follow. ? #FCB #Messi